19-годишник и се заканувал на девојка од Кочани дека ќе објави интимни снимки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Кочани.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина“.
Во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026, пријавениот преку мобилни апликации и уреди, направил експлицитни видеа и фотографии од 18-годишна девојка од виничко без нејзина согласност и преку социјални мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, ја вознемирувал и ѝ се заканувал дека видеата и снимките ќе ги направи достапни за трети лица.



