Петок, 6 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Уапсен 43-годишен кочанец осомничен за четири тешки кражби во домови

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С. (43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот, соопшти МВР.

По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичните дела.

По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани вести