Четврток, 26 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

„Ауди“ удри во 15-годишно девојче во Скопје, малолетничката е тешко повредена

Петнаесетгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако синоќа било удрено од автомобил во Скопје.

Како што информира МВР, несреќата била пријавена околу 22 часот, а се случила на крстосницата на улицата Цветан Димов со булеварот Крсте Мисирков.

Во малолетничката удрило патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од скопското село Танушевци.

Тешките телесни повреди кај девојчето биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести