Сабота, 28 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Двајца ученици нападнале врсник во основно училиште во Аеродром, трет го снимал нападот

Полицијата истражува физички напад врз малолетник во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Според пријавата, двајца врсници го нападнале, додека трет малолетник го снимал инцидентот со мобилен телефон.

Случајот бил пријавен на 27 ноември во Министерството за внатрешни работи, а нападот, според пријавеното, се случил два дена претходно, на 25 ноември.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот.

Поврзани вести