Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Клиничката болница во Тетово се прости од д-р Малтина Ферати: „Таа долго ќе остане во сеќавањата на сите нејзини колеги и соработници“

Клиничката болница во Тетово преку соопштение се прости од д-р Малтина Ферати која го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Со длабока болка и огромна тага ја примивме веста за трагичното заминување од овој свет на нашата драга колешка, д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.

Д-р Малтина Ферати беше важен дел од нашето институционално семејство, каде што со својот професионализам, посветеност и одговорност достоинствено им служеше на граѓаните и пациентите. Во својата функција како раководител на Лабораторијата, таа постојано ги покажуваше својата стручност, сериозност и целосна посветеност на работата.

Таа долго ќе остане во сеќавањата на сите нејзини колеги и соработници, не само по својот професионализам, туку и по позитивната енергија, насмевката, добрината и подготвеноста секогаш да им помага и да им служи на другите“, се наведува во соопштението.

Поврзани вести