Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Де ла Фуенте по првиот пораз од март 2024: Нека се обиде некој да нè надмине

Актуелниот светски и европски првак, Шпанија, синоќа загуби од Англија со 2:3, со што заврши серијата од 43 натпревари без пораз. Шпанците последен пат загубија на 22 март 2024 година од Колумбија во пријателски натпревар.

„Црвената фурија“ загуби меч по 968 дена, а селекторот Луис де ла Фуенте, мирни рече дека „ништо страшно не се случило“.

„Од овој пораз извлекувам само позитивни работи, бидејќи покажува колку е тешко да се достигне нивото на кое бевме. На тој пат, станавме шампиони на светот, Европа и Лигата на нации. Знаевме да победуваме, но мора да знаеме и како да губиме. Во првите 20 минути бевме надиграни, но на крајот, со еден играч повеќе, имав чувство дека можеме да го свртиме резултатот.

Немам ништо освен зборови на благодарност за овие играчи. Тие покажаа дека се подеднакво одлични и во победите и во поразите. Во соблекувалната им кажав колку сум горд на нив и дека нашето патување продолжува. Веќе сме во четвртфиналето и имаме можност да ја освоиме Лигата на нации. Токму кон тоа се стремиме“, рече Фуенте по неуспехот.

Еден примен гол помалку, против „Гордиот Албион“, не ја доведува во прашање шпанската амбиција да ја симнат Португалија од тронот на ЛН.

„Во март ќе се вратиме со нова енергија, со цел да го поминеме четвртфиналето, да стигнеме до завршниот турнир на Лигата на нации и да се обидеме да го освоиме трофејот“, најави стратегот на финалистите од последниот циклус на ова натпреварување.

Конечно, горда порака од Фуенте не само до неговиот наследник, еден ден, ниту до друга генерација на шпанскиот фудбал, туку до целиот фудбалски свет. За сите времиња.

„Кој и да дојде по нас, треба да се обиде да го надмине она што го направивме“, заклучи шпанскиот тренер.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести