Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Констатиран недостаток од скоро осум тони сув цвет од медицински канабис при контрола во фирма за одгледување медицински канабис во Струмичко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од село Борисово, општина Ново Село и против В.К. од селото Ново Село, со престој во Струмица, управител на пријавеното правно лице за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, извести МВР.

При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостаток на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостаток на друга задолжителна документација, како и недостаток на 7813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие, соопшти МВР.

Поврзани вести