Сабота, 7 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото е дадено на обдукција

Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата.

По пристигнувањето на местото, лекарот констатирал дека мажот е починат. Утврдено е дека станува збор за М.Ф. (58) од Гостивар.

Увид извршиле полициска екипа од ОВР Гостивар и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар. По наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција, со која треба да се утврдат причините за смртта.

Поврзани вести