Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Вавринка се пензионираше по поразот во Базел

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка ја заврши својата професионална кариера. Тој го одигра последниот натпревар во кариерата синоќа во Базел. Доживеа елиминација во првото коло од Јиржи Лехечка со 7:5, 7:6 (7:2).

„Цела моја кариера сакав само едно нешто, секогаш да давам се од себе, никогаш да не жалам за ништо. Секогаш да се борам, секогаш да давам 100 проценти. Од почит кон себе, кон противникот, кон турнирот, кон навивачите. Кон сите“, рече 41-годишникот.

X (Twitter)

We will miss this 🫶#SwissIndoorsBasel pic.twitter.com/oSTrUaBKyM

— ATP Tour (@atptour) October 27, 2026

Погледни на X

Вавринка, во ерата на големата тројка, освои три Гренд слем турнири,  Отвореното првенство на Австралија во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 година и Отвореното првенство на САД во 2016 година, а интересно е што никогаш не беше прв или втор во светот.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести