Вторник, 17 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов“ во Охрид.

При извршениот увид и алкотестирањето било утврдено дека И.Г. (41) имал 2,22 промили алкохол во крвта.

Четирициклот со охридски регистарски ознаки бил одземен, а по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести