Вторник, 17 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Пронајдени две неексплодирани гранати од Првата светска војна кај Новаци

Две неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна беа пронајдени на брегот на Црна Река, крај мостот во атарот на с. Новаци.

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно ги подигна гранатите, а нивното уништување беше извршено вчера на армискиот полигон Криволак, заедно со над 2. 262 различни неексплодирани средства (НУС), односно тромблонски гранати, рачни бомби и други артилериски гранати од минатите војни.

Вкупната тежина на уништените убојни средства изнесувала околу 1,5 тон, а само нивниот експлозив тежел околу 200 килограми.

ДЗС апелира при пронаоѓање на сомнителни предмети што личат на неексплодирани експлозивни средства, да не се допираат или поместуваат, туку веднаш да се пријават на телефонскиот број 112

Поврзани вести