(Видео) Автомобил удри новинарка во Србија додека известуваше во живо

Новинарка на Радио-телевизија Војводина беше удрена од автомобил додека известуваше во живо од Стара Пазова во Србија. Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи.
Автомобилот, чиј возач излегувал од паркинг-место, удрил во новинарката, по што продолжил да вози. На снимката се гледа како таа, видно изненадена и збунета, се обидува да се тргне од местото.
По инцидентот, новинарката, која на социјалната мрежа Икс се претставува под прекарот „Мокош“, се огласи со хумористичен коментар.
„Пред многу години, истата емисија, истата телевизија, истиот начин на известување. Единствената разлика е што тогаш, додека ја читав временската прогноза, не ме удри автомобил, туку куче зад мене повраќаше пред камерата“, напиша таа.


