Сабота, 31 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Пријавен маж од Куманово за силување на малолетно дете

Маж од Куманово ќе се соочи со кривична пријава под сомнение дека во периодот од февруари до октомври годинава сексуално злоупотребувал дете помладо од 15 години.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против лицето Д. Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за случајот.

Поврзани вести