Сабота, 31 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Неколку села во Студеничани денеска без струја, прекинот ќе трае до 15:30 часот

Жителите на Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од Долно Количани, денеска ќе останат без електрична енергија поради најавен прекин во снабдувањето, информираат од Општина Студеничани.

Според известувањето од ЕВН Македонија, прекинот ќе трае од 08:30 до 15:30 часот.

Без струја ќе бидат сите корисници во селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и жителите на Долно Маало во Долно Количани.

Од Општината ги повикуваат жителите навреме да ги приспособат своите активности согласно најавениот прекин.

Поврзани вести