Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

„Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово“, велат од СДСМ

20.10.2026, 11:18

„Во времето на Груевски јавниот превоз се решаваше со лажни англиски автобуси од Кина. Денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по налог на арамијата Мицкоски, повторно оди по истиот пат – Орбанови автобуси. Истата банда, истата логика. Јавниот превоз се третира како тендер, не како основна услуга за граѓаните“, велат од СДСМ.

„Градоначалникот работи како билборд. Коњ со пет нозе. Дрон за проверка на река од воздух. На терен остануваат ѓубре, дупки и застој. Вардар и Лепенец се загадени, а одговор се бара од небо. Резултат нема. Има слика.

Сега на ова се додава и проблемот со депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад.

Максим Димитриевски, партнер на ОКГ тендер-коалицијата, ѓубрето од Куманово се префрла на скопската Дрисла. Градот што веќе не може да го собере своето ѓубре прима туѓо. Нема решение. Има префрлање.

Граѓаните чекаат по 40 минути на постојка. Автобусите се преполни. Линии се пренасочуваат.

Најавите за дополнителни автобуси од минатата година останаа најави. Патниците утрото го почнуваат со неизвесност наместо со сигурен превоз до работа и училиште.

Скопје се соочува со сообраќаен колапс. Зимата доаѓа. Постојките ќе бидат под снег, а автобусите ќе доцнат. Градот се рекламира од дрон и билборд, а не се одржува на земја.

Ова не е управување со град. Ова е систем на организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Отвора за камера. Затвора кога треба одговорност. Лепи билборд. Пушта дрон. Зема Орбанови автобуси. Префрла ѓубре. Граѓаните плаќаат со време, со нерви и со сметка“, соопштуваат од СДСМ.

Поврзани вести