Татко и се заканувал на 21-годишната ќерка

Синоќа во 19:55 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.К.(49) од Свети Николе.
Полицијата постапила по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом, тој и се заканувал на неговата 21-годишна ќерка.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.


