Недела, 8 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(67) од Скопје удрило во пешакот А.Ф.(93) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна здравствена установа.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Поврзани вести