Недела, 8 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Сопругата на Роналдо се почести со нов автомобил од 200.000 евра

Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената е практично ситница.

Добро е познато дека Џорџина Родригез ужива голема популарност, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често споделува моменти од својот раскошен животен стил на Инстаграм, при што скапи модни додатоци, патувања и луксузни предмети се редовен дел од нејзините објави.

Овој пат, таа се пофали со нов луксузен автомобил. Како што може да се види на нејзиниот Инстаграм, Џорџина, во друштво на своите деца, пречека нов „Range Rover“ во елегантна нијанса на шампањ, токму пред нивниот семеен дом.

Иако не го откри точниот модел, се проценува дека цената би можела да надмине 200.000 евра.

„Кога доставата ќе пристигне кај вас дома“, напиша таа накратко во описот на видеото. Внимание привлече и еден интересен детал на автомобилот: персонализирани регистарски таблички на кои стои името на Џорџина.

Поврзани вести