Сабота, 28 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Тунелот Катланово денеска шест часа без струја поради замена на електричен столб

Тунелот Катланово денеска, ќе остане без електрично напојување во периодот од 9:20 до 15:20 часот.

Прекинот е најавен поради замена на дрвен столб со бетонски на 10-киловолтен далекувод кон тунелот Катланово, од страната на селото Бадар.

Според најавата, без електрично напојување ќе биде само тунелот, додека не се очекуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија на околните населени места.

Поврзани вести