Сабота, 28 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна во илјадници светилки

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија плоштадот во Крива Паланка, каде што илјадници светилки и насмеани детски лица го означија почетокот на предновогодишните случувања во градот.

Градоначалникот Сашко Митовски сподели фотографии од празничната декорација, заблагодарувајќи им се на граѓаните кои со своето присуство придонеле за топлата и весела атмосфера.

Тој најави дека украсувањето и првите празнични случувања се само почеток на предновогодишната програма, со која Крива Паланка треба да се претвори во вистинска новогодишна бајка.

Поврзани вести