Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Уапсени четири лица по фудбалски натпревар во Скопје, следуваат пријави

Вчера полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН, извести МВР.

Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок.

При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик.

По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани вести