Со автомобил удрил во лице во инвалидска количка во Скопје

Возач удрил во лице во инвалидска количка во Скопје. Лицето со тешки повреди е пренесено во болница.

Според информациите на МВР, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(41) од Скопје, удрило во инвалидска количка, во која бил Т.П.(70) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Scroll to Top