Скопјанка со тешки повреди откако во неа удрил автомобил

Вчера во полицијата е пријавено дека на улицата Христо Татарчев во Скопје, 65-годишниот В.Д. од селото Сопиште, скопско управувајќи патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 57-годишната А.М. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


