Недела, 22 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Спорт

1145 вести во последните 90 дена
(Фото) Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на…

16.11.2026
Нова 40+ партија на Дончиќ, Лејкерси ја запишаа осмата последовна победа

Лука Дончиќ повторно покажа зошто е еден од главните кандидати за наградата за најкорисен играч (MVP), во НБА лигата. Словенечкиот репрезентативец ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до осмата последователна победа, откако го победија Феникс со 131:123. Дончиќ постигна 43 поени, со девет асистенции и три скока…

16.11.2026
Пикси се врати во Кина

Драган Стојковиќ Пикси започнува ново поглавје во својата тренерска кариера. Поранешниот тренер на српската фудбалска репрезентација постигна договор со кинескиот гигант Шандонг Таисан, кој официјално го потврди доаѓањето на српскиот стручњак. За Пикси, ова не е прва средба со кинескиот фудбал. Пред да ја преземе…

16.11.2026
Клоп сака Инфантино да ја напушти функцијата: Мислев дека нема полош од Блатер

Јирген Клоп смета дека Џани Инфантино треба да ја напушти функцијата претседател на ФИФА, оценувајќи дека ситуацијата во светската куќа на фудбалот станала уште полоша отколку во времето на неговиот претходник, Сеп Блатер. Селекторот на Германија изјави дека промената на чело на организацијата би била добредојдена и…

16.11.2026
Мира Андреева без загубен сет го освои ВТА финалето

Мира Андреева го освои финалето на ВТА турнирот во Индијан Велс. Русинката ја победи Украинката Елина Свитолина со 7:5, 6:3 за еден час и 49 минути. 19-годишната тенисерка која живее во Кан стана првата тинејџерка што го освоила завршниот турнир од 2004 година, кога победи нејзината сонародничка Марија Шарапова…

15.11.2026
(Видео) Белгија ја декласира Италија, Франција ја победи Турција

Неделната вечер донесе возбудлив расплет на последните натпревари од шестото коло од Лигата на нации, од Лигата А, во групата 1. Франција го освои првото место со победа над Турција во Бордо, додека Белгија повторно ја победи Италија за второто место во групата. „Триколорите“ беа домаќини на најслабиот тим во групата…

15.11.2026
(Видео) Англиска доминација во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

Англија, среде Мадрид, на „Метрополитано“ стадионот, ја победи Шпанија со 3:2 и го освои првото место во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции од претходно обезбедија пласман во четвртфиналето. Двете селекции не беа комплетни за овој натпревар, но секако Англија го одигра најдобриот меч во…

15.11.2026
Модриќ се изедначи со Меси

Лука Модриќ, вечерва во Осиек, го одигра својот 208-ми натпревар во репрезентацијата, со што се изедначи со Лионел Меси на второто место на светската ранг-листа по број на настапи за репрезентацијата. Само Кристијано Роналдо останува пред нив двајца со 234 натпревари за Португалија. Репрезентативното патување на…

15.11.2026
Гвардиола нема намера да биде селектор на САД

Пеп Гвардиола нема намера да ја преземе фудбалската репрезентација на САД. Британскиот „Телеграф“, тврди дека Гвардиола, не планира да се врати на тренерската работа во блиска иднина. Шпанскиот стручњак цврсто одлучил да направи пауза од најмалку една година по завршувањето на неговиот ангажман во Манчестер Сити и во…

15.11.2026
(Видео) Роналдињо одигра официјален натпревар и воодушеви

Најдобрата спортска вестна денот и најубавата сцена се случија во Равена – фудбалскиот магионичар Роналдињо (48) го одигра својот прв официјален натпревар по 11 години, поточно, по точно 4.068 дена. Можеби не е најдобриот на сите времиња, но без многу сомнение, најзабавниот, најатрактивниот во однос на движењата…

15.11.2026
Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот не му се допаѓа како италијанската икона ја води бразилската репрезентација. „Анчелоти, доста е! Спакувај се и оди си! Врати се во клубовите…

15.11.2026
(Видео) Пријателски натпревар се претвори во масовна тепачка

Пријателскиот натпревар помеѓу Њујорк Ред Булс и Клуб Америка од Мексико се претвори во вистински хаос. Средбата одиграна во Њу Џерси заврши со победа на американскиот тим од 1:0, но резултатот остана во втор план по масовната тепачка што избувна во 85-та минута. Сè започна по еден прекршок близу гол-линијата…

15.11.2026