Дончиќ го престигна и Џордан

Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 116:103 во НБА лигата.
Ова беше седма победа на „езерџиите“ во деветтиот натпревар од оваа сезона и осмиот во кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна над 35 поени.
Овој пат застана на 40, со одлична реализација од поле. Имаше 6/13 за три поени, 12/13 за еден, а забележа девет скока и седум асистенции.
Словенецот, по овој натпревар застана рамо до рамо со најголемите имиња во историјата на кошарката. Имено, тој е првиот играч по Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен кој постигнал над 300 поени во првите осум натпревари од сезоната.
Дончиќ постигна 308, а Џордан 303 во сезоната 1988/89.
Вилт Чемберлен е недопирлив во оваа споредба со лидерите во НБА кои дојдоа по него – во сезоната 1962/63, тој постигна неверојатни 418 поени во првите осум натпревари.
Покрај Дончиќ, Остин Ривс беше најзаслужен за победата на Лејкерси со 21 поен. Вокер Кеслер постигна 15.
Во поразениот тим, Дариус Акуф Џуниор се истакна со 22 поени и 12 скока, Зак Лавин имаше 21 поен, а Домантас Сабонис 16 со 17 скока.
Ова беше седми пораз на Кингс во осум натпревари од новата сезона.
НБА резултати:
Детроит – Филаделфија 106:112
Вашингтон – Атланта 105:120
Бостон – Милвоки 109:102
Бруклин – Шарлот 114:104
Њујорк Никс – Чикаго 135:105
Мемфис – Индијана 103:107
Њу Орлеанс – Јута 120:113
Оклахома – Кливленд 124:116
Хјустон – Минесота 107:117
Денвер – Торонто 128:109
Финикс – Портланд 119:132
Сан Антонио – Далас 112:111
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 103:116
Лос Анџелес Клиперс – Мајами 116:117.



