Четврток, 5 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Мет Дејмон ја покажа својата 20-годишна ќерка, а луѓето не можат да поверуваат колку е таа убава

Мет Дејмон присуствуваше на еден настан, а за таа пригода одлучи да поведе и специјален гостин. Неговата ќерка, Изабела, беше вистинската ѕвезда на вечерта.

На доделувањето на модните награди CFDA се собраа бројни познати личности, меѓу кои и филмски ѕвезди кои блеснаа на настанот. Актерот Мет Дејмон – или, попрецизно кажано, неговата прекрасна придружничка, ќерката Изабела – привлекоа големо внимание.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Се чини дека ова беше семеен излезок за Мет и неговата ќерка, а слободно може да се каже дека со своите стилски модни избори ги импресионираа сите присутни.

Додека актерот носеше црн костум со дворедно закопчување, неговата ќерка се одлучи за класична елеганција.

Изабела носеше сребрен долг фустан, украсен со реси и интересен мрежест дезен во форма на ромбови. Ресите долж работ ѝ дадоа разиграна нота на целосната комбинација, потсетувајќи на гламурот карактеристичен за дизајните од стариот Холивуд.

Изгледот го заокружи со софистицирана, благо опуштена фризура (подигната коса) и шминка во потемни тонови, која ја истакна нејзината природна убавина.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Таткото и ќерката беа постојано насмеани за време на фотографирањето, а актерот, особено, не можеше да ја скрие својата гордост кон неа.

Поврзани вести