Лудо дерби во Белград, Партизан по едно продолжение ја победи Црвена звезда

Кошаркарите на Партизан ја победија Црвена Звезда како домаќини во натпреварот од седмото коло на Евролигата. Црно-белите славеа по продолжението на натпреварот одигран во Белградската арена со 85:82.
Кошот за победа го постигна плејмејкерот на Партизан, Алесандро Паиола, на 17 секунди до крајот погоди тројка.
Претходно, Партизан израмни со тројка на Карлик Џонс.
Звезда го имаше последниот напад – бекот Џаред Батлер изнуди преземање, но не успеа да стекне предност пред центарот на Партизан, Кевариус Хејс. Затоа, пред да истече времето, му „врачи жежок компир“ на бекот Дејвид Кремер, кој дури и не успеа да шутира пред да истече времето.
Хејс е еден од хероите на црно-белите: во првото полувреме се истакна во напаѓачката фаза, додека благодарение на неговата блокада, Партизан доби продолжение.
Тогаш плејмејкерот на Звезда, Крис Џонс, дојде до кошот но Хејс го запре неговото положување.
Потоа Карлик Џонс шутираше од половина терен, но го промаши ударот и четвртата четвртина заврши со резултат 75:75.
Партизан го отвори натпреварот одлично и имаше предност од 18 поени, но Звезда трпеливо ја топше предноста, дојде до продолженија, имаше и предност од четири поени во дополнителните пет минути, но не успеа да го зададе конечниот удар.
Карлик Џон го предводеше Партизан со 26 поени, Стивенс постигна 16. Кај Звезда најефикасен беше Крис Џонс со 22 поени, шест повеќе од Нвора.
По седум рунди двата тима се на скор од четири победи и три порази.
Foto/ Starsport


