Сабота, 7 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Од Аеродром за два месеца отстранети 400 тони отпад, транспортирани се до „Дрисла“

Во текот на септември и октомври, од подрачјето на Општина Аеродром биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“.

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен, каде што собираат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.

Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за подигање отпад директно од нивните домови, со негово соодветно и безбедно транспортирање до „Дрисла“, за симболичен надоместок.

Оттаму потсетуваат дека грижата за чиста животна средина е заедничка одговорност и апелираат граѓаните да не создаваат диви депонии, да ги користат достапните комунални услуги и да придонесат за почиста општина.

Поврзани вести