Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Вардар со реми го заврши настапот во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар со реми 26:26, против Мелсунген, го завршија настапот во Лигата на шампионите. Црвено-црните, сезоната ќе ја продолжат во ЕХФ Европската лига. Германскиот тим заедно со Висла, од оваа група, влезе во втората фаза во Лигата на шампионите.

Дуелот во „Јане Сандански“, не беше многу квалитетен, но беше исклучително неизвесен. Ниту еден тим немаше поголема предност од два гола.

Вардар, во првото полувреме, во финишот, успеа да надомести минус од два гола и со плус два да влезе во вториот дел (14:12).

Германскиот тим, по осум минути игра ја врати предноста од два гола. Потоа до финишот се играше во серии.

На 25 секунди до крајот Фадуил реализираше седмерец, му донесе водство на Вардар 26:25, но Мелсубген возврати преку Дростен за конечни 26:26.

Валах го предводеше Вардар со 14 одбрани, Фадуил постигна седум гола. Најефикасен кај Мелсунген со осум гола беше Штел, голманот Симиќ забележа 12 интервенции.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Поврзани вести