Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Мбангула со хет-трик го реши Милан на „Сан Сиро“

Милан претрпе тежок пораз на домашен од Болоња со 2:4 во деветтото коло од италијанската Серија А. Херој на гостите беше 22-годишниот Белгиец Самуел Мбангула, кој постигна три гола. Ова беше првиот пораз на Милан во Серија А оваа сезона. Се наоѓа на 5-то место со 18 бода. Болоња е 11-та со 11 бода.

Болоња поведе во осмата минута со голот на Мбангула, но Милан брзо направи пресврт. Алфаџо Сисе израмни во 14-тат, а потоа го постигна својот втор гол во 27-та минута за водство на домашниот тим од 2:1.

Милан отиде на полувреме со предност, но потоа следеше целосен пресврт. Болоња израмни во 60-та минута по автоголот на Давиде Бартезаги, а само две минути подоцна Мбангула го врати водството на гостите со својот втор гол.

Милан се обиде да израмни, но во 86-та минута, Мбангула повторно ја затресе мрежата на Мајк Мењан. Белгискиот напаѓач на тој начин го комплетираше хет-трикот.

Болоња се наоѓа на 11-то место, со исто толку бодови.

Поврзани вести