Недела, 8 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло победи со 2:0.

Дербито беше решено во првите 19 минути. Франческо Пио Еспозито го искористи додавањето на англискиот репрезентативец Џед Спенс во 12-тата минута, додека Французинот Маркус Тирам го постави конечниот резултат веќе во 19-тата.

Актуелниот првак, потоа ритунски ја сочува предноста, имаше шанси и да забележи поубедлива победа. Комо, од друга страна се закани дури по еден час игра преку Нико Паз, додека истиот играч имаше шанса и десетина минути поодцна.

Тимот предводен од клупата од Шпанецот Сеск Фабрегас со тоа ја заврши одличната серија од шест победи во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и оние против Манчестер Јунајтед со 4:1 и Ленс со 9:1 во Лигата на шампионите.

Интер е втор на табелата, со бод помалку од Лацио, додека Комо остана на петтоот место со 23 бода.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести