Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Кога го нема Дончиќ тука е Ривс – Лејкерси лесно се справија со Детроит

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Детроит Пистонс со 121:116 во ноќта зад нас.

Поради повреда на долниот дел од грбот, Лука Дончиќ не можеше да игра за Лејкерс против Детроит Пистонс, ова е втор натпревар на почетокот од сезоната што Словенецот го пропушта.

Сепак, ова не им создаде проблем на Лејкерс, кои ги победија Детроит Пистонс со резултат од 121:116.

Херој на оваа победа беше Остин Ривс кој запиша 43 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Вокер Кеслер забележа 12 со 16 скока, додека Секстон и Вилијамс имаа по 17.

На спротивната страна, Денис Џенкинс одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера и постигна 31 поен со 5 скока и 4 асистенции, додека Кевин Хартер имаше 24 поени и по 5 скока и асистенции, Кејд Канингем додаде 14 со 8 асистенции, а Данкан Робинсон имаше 12 поени.

Клучната четвртина беше првата во која Лејкерси постигнаа дури 38 поени и имаа +24 по 12 минути игра, па од самиот почеток беше јасно кому ќе му припадне овој натпревар.

Интересно е што Лејкерси во моментов се тимот со најмногу победи во целата лига (девет) заедно со Филаделфија, која претходно победи против прилично слабиот Чикаго со 127:121.

НБА, резултати:

Чикаго – Филаделфија 121:127
Детроит – ЛА Лејкерс 116:121
Минесота – Јута 115:100
Далас – Бруклин 130:93
Милвоки – Бостон 97:117
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 139:123
Сакраменто – Мајами 108:114

Поврзани вести