(Видео) Нов пораз во Лигата на нации – Словенија лесно се справи со Македонија во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија, со пест порази во шест натпревари го заврши учеството во Б дивизијата во Лигата на нации. Вечерва во Скопје, Македонија загуби од Словенија со 0:3 (0:1).
Македонските фудбалери одиграа уште еден разочарувачки натпревар, демонстрираа немоќ против цврстата и тактички одговорната репрезентација на Словенија.
И во овој натпревар забележливо беше дека Македонија нема концепт, нема јасна визија што сака да игра на теренот.
Словенците од три школски акции, постигна три гола, а при тоа на Македонија и дозволи само една добра шанса, на Дориев во 52-та минута, кога Облак одбрани.
Штурм го постигна првиот гол во 29-та минута, а на 0:2 зголеми Зец во 66-та минута. Асистен за двата гола беше Випотник.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v7g9or6″,”div”:”rumble_v7g9or6″});
Точка на натпреварот стави Штурм со својот втор гол во 91-та минута.
Со овој пораз Македонија ја продолжи црната серија, нема победа на последните 14 натпревари (девет порази).
Во групата Македонија заврши последна без освоен бод и со срамна гол разлика, еден постигнат и 15 примени голови. Словенија го освои второто место и ќе игра бараж за пласман во А дивизијата.
Македонија ќе се бори за опстанок во Б дивизијата, а противник ќе и биде Естонија, Молдавија, Фарските Острови и Белорусија.
Ждрепката за бараж-дуелите ќе се одржи на 20 ноември, додека натпреварите се предвидени за периодот од 25 до 30 март 2027 година.
EPA/GEORGI LICOVSKI


