(Видео) Спектакл во Вашингтон – Детроит по две продолженија ги победи Визардс

Четири натпревари и четири победи на домашните тимови во НБА лигата. Во Вашингтон Визардс и Детроит Пистонс одиграа спектакуларен меч. По две продолженија победија Пистонси со 144:140.
Кејд Канингем одигра брилијантен натпревар во главниот град на САД и го предводеше Детроит со рекордни 52 поени и 11 асистенции до драматична победа над Вашингтон со 144:140, по две продолженија.
Тој стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 50 поени и 10 асистенции без изгубена топка откако официјално се води таа статистика, од сезоната 1977/78.
Вашингтон успеа двапати да избегне пораз. Прво, Тре Јанг избори продолжение со тројка со звукот на сирената, а потоа дебитантот Еј-Џеј Дибантс постигна поени на истекот на првото продолжение.
Сепак, Канингем ја презеде контролата во одлучувачките моменти и му ја донесе на Детроит осмата победа во сезоната.
Оусар Томпсон исто така одигра одличен натпревар, остварувајќи го првиот трипл-дабл во кариерата со 17 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Во Вашингтон, Јанг постигна 37 поени и имаше 14 асистенции, додека Ентони Дејвис и Алекс Сар додадоа по 30 поени.
Ова беше шестиот пораз по ред за Визардс.
Резултати:
Филаделфија – Торонто 123:112
Минесота – Далас 133:94
Феникс – Шарлот 101:96



