Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Бугарија спаси 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во Црното Море

Бугарија ги спаси сите 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во нејзината економска зона во Црното Море, додека превезувал три тони пченица од Романија кон Египет, соопшти денеска бугарското Министерство за транспорт.

Министерството наведе дека рано утрово примило повик за помош од брод што пловел под знамето на Сомалија и тонел на околу 40 наутички милји од ‘ртот Калиакра, пренесува Ројтерс.

Екипажот бил евакуиран со хеликоптер, а сите 12 членови се во добра состојба.

Причината за инцидентот засега не е позната.

Поврзани вести