Трамп: Путин е попустлив во однос на Украина, можно е во Кина да се сретнам и со Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин зазема попопустлив став во однос на Украина.
„Искрено, би можел да биде многу поостар“, изјави Трамп, пренесува Ројтерс.
Говорејќи за претстојната посета на Кина, Трамп рече дека постои можност таму да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Кинескиот претседател Шји Џинпинг беше тука пред еден месец, а таму ќе се сретнеме со Путин, а можно е и со Ким Џонг Ун“, рече Трамп во пресрет на патувањето во Кина.
Трамп претходно годинава престојуваше во државна посета на Кина, каде што се сретна со Шји.
Американските претставници најавија дека претстојната средба меѓу Трамп и Ши ќе биде билатерална, додека средбата меѓу Трамп и Путин нема да биде во четири очи.



