Среда, 25 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Франција застана во одбрана на Украина по нападот врз руски брод во Либија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го бранеше правото на Украина на самоодбрана по украинскиот напад врз руски воен брод во Либија, кој предизвика загриженост кај дел од сојузниците на Киев.

Рускиот воен брод беше потопен за време на викендот во напад со дронови, а либиските власти соопштија дека двајца либиски војници починале од здобиените повреди. Украина потврди дека ја извршила операцијата, додека Италија изрази загриженост поради нападот.

„Да се ставиме на нивно место. Што би направиле ние доколку непријателот, агресорот, нè бомбардира дење и ноќе? Би се бранеле и би го остварувале своето апсолутно право на самоодбрана. Токму тоа го прават Украинците“, изјави Баро за француската телевизија ТФ1.

Тој ја обвини Русија за ширење на конфликтот и го посочи рускиот претседател Владимир Путин дека со агресивни дејства се обидува да го поткопа европското единство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како пример за одговор на руската агресија.

Во меѓувреме, според порталот „Либија опсервер“, либиското дипломатско претставништво во Хаг најави подготовка на правна анализа за поднесување тужба против Украина пред Меѓународниот суд на правдата поради нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Либија.

Поврзани вести