Луксузен часовник украден во Токио, вреден 260.000 евра

Луксузен часовник, со проценета вредност од 46 милиони јени, или 260.000 евра, е украден денес од продавница во Токио, соопшти полицијата.
Околу 20:00 часот по локално време, полицијата добила повик во кој се наведува дека едно лице, преправајќи се дека е муштерија, избегало со часовникот.
„Осомничениот, кој бил облечен во темна облека, останал во продавницата помалку од 10 минути, соопшти полицијата“, додавајќи дека станува збор за швајцарски часовник од брендот „Audemars Piguet“.
Сличен инцидент се случил во истиот трговски комплекс во август.
Тогаш двајца чилеански државјани беа обвинети за кражба на четири луксузни часовници од продавница на првиот кат.
Вкупната вредност на украдените часовници изнесувала 200 милиони јени, што одговара на околу 1,1 милион евра, пренесува Танјуг.


