Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Брилијантниот Штруф го елиминира Ѓоковиќ во Базел

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот во Базел. Во осминафиналето, српскиот тенисер, по два часа и 35 минути игра, загуби од Јан-Ленард Штруф со 7:6, 5:7, 6:7. За 36-годишниот Германец ова беше прва победа над Ѓоковиќ во деветтиот меѓусебен дуел.

Ѓоковиќ одигра добар меч, но Штруф беше извонреден. Тенисерот кој речиси две децении се натпреварува, го одигра најдобриот меч во кариерата.

Импресивен беше Герменцот кога серивраше, на најдобриот ритерн на сите времиња не ну дозволи ниту еден брејк, ги спаси сите шест брејк топки. Покрај тоа Штруф иамше 27 ас сервиси, на мрежа освои 30 поени.

Ѓоковиќ имаше 21 ас сервис, меѓутоа 12-от гем од вториот сет се чини дека беше решавачки. Во тој гем, Ѓоковиќ сервираше три дупли, му подари брејк и изедначување на Германецот.

Со овој пораз Ѓоковиќ направи чекор назад во борбата за пласман на завршниот Мастерс. Штруф во четвртфиналето ќе игра против Нуно Боржес.

Поврзани вести