Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

САД го имаа најжешкото лето во својата историја

10.09.2026, 12:33

Соединетите Американски Држави (САД) го имаа најжешкото лето во својата историја оваа година со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, објави денес Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA).

Просечната температура помеѓу јуни и август беше за три и пол степени повисока од летните просеци во текот на 20 век, објави CBS News.

Рекордна топлина го зафати западниот дел на САД, јужните планини, југозападните рамнини и Флорида, каде што се случија катастрофални пожари, а резервите на вода се намалија.

Поврзани вести