(Видео) Трамп е фатен со затворени очи додека зборува кинескиот претседател, објавена е снимка

Американскиот претседател Доналд Трамп беше снимен со затворени очи за време на говорот на кинескиот претседател Ши Џинпинг на самитот на АПЕК во Шенжен. Снимката е направена за време на денешната пленарна сесија, пред планираната средба меѓу Трамп, Ши и рускиот претседател Владимир Путин.
На снимката од кинеската државна телевизија CCTV се гледа како Трамп седи со затворени очи, додека Ши им се обраќа на присутните светски лидери. Камерата го фати и Путин, кој во тој момент читаше документ пред себе, пренесува Би-Би-Си.

