Заврши средбата меѓу Трамп и Ши Џинпинг; траеше само 13 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг ја завршија својата билатерална средба во Кина по само 13 минути, според извештаите на американските медиуми. Главни теми на разговор биле економските и безбедносните прашања.
Трамп претходно изјави дека претходната вечер, за време на свечена вечера, седел до Ши Џинпинг и дека разговарале два часа.
„Настанот синоќа беше неверојатен – навистина посебен“, рече Трамп, додавајќи дека разговарале за многу од истите теми што планирале да ги опфатат и за време на билатералната средба.
„Мислам дека ќе биде многу продуктивно“, истакна Трамп пред почетокот на разговорите.
Трамп го пофали Ши Џинпинг: Сè беше совршено организирано
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја пофали организацијата на самитот на АПЕК во Шенжен, на почетокот од билатералната средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг.
Двајцата лидери најпрво позираа пред фотографите во резиденцијата „Килин Вила“, а потоа седнаа на долга маса, еден спроти друг, опкружени од своите соработници.
„Беше неверојатно. Штета што медиумите не можеа да видат ништо од тоа, бидејќи секој чекор беше совршено изведен. Го цениме тоа“, рече Трамп.



