(Видео) Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шjи Џинпинг се сретнаа во кинескиот град Шенжен, каде што се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Тројцата лидери се ракуваа и накратко разговараа пред свечената вечера организирана од кинескиот претседател. Трамп и Путин пристигнаа во Меѓународниот комуникациски центар во Шенжен, каде што се поздравија, а потоа им се придружија на останатите лидери за заедничко фотографирање, пренесува „Скај њуз“.
Средбата се одржува во пресрет на најавениот трилатерален состанок на Трамп, Путин и Ши, закажан за утре, 19 ноември, на маргините на самитот АПЕК. Се очекува да разговараат за меѓународната безбедност, војните во Украина и Иран, трговските односи и нуклеарното вооружување.
Кремљ претходно најави дека Трамп и Путин би можеле да се сретнат повеќепати за време на самитот, вклучително и на разговори во потесен состав, без големи делегации.
Трамп пристигна во Шенжен претходно денеска, каде што Ши лично го пречека на аеродромот, отстапувајќи од вообичаениот дипломатски протокол. Кинескиот претседател изрази надеж за конструктивни разговори и постабилни односи меѓу Кина и САД.
Путин, пак, претходно денеска одржа повеќе од двочасовна средба со Ши, на која двајцата претседатели ја истакнаа важноста на соработката меѓу Русија и Кина



