Млад скопјанец удрил полицаец и побегнал, па се судрил со паркирано возило

Кусо по полноќ, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници сопреле патничко возило, управувано од Т.А.(23) од скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.
„Потоа, според пријавеното Т.А. го стартувал возилото и удрил полициски службеник по што се дал во бегство по стариот пат од нас. Хиподром кон нас.Илинден. Притоа, кај место викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што бил лишен од слобода од полициски службеници“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



