Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Вучиќ до противниците: Да ви кажам нешто бедни луѓе, подобро е да се биде во затвор, отколку да се седи до вас

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста преку видео на својот профил на TikTok. Во краткиот клип, тој го коментираше она што го опиша како „три дена вистински револуционерен терор“.

„Сите оние кои никогаш ништо не постигнале во животот, а сепак се излажале себеси дека се многу важни, одлучија да го истурат својот гнев врз пристојни, нормални луѓе. Од упади во телевизиска станица, како некој друг да го организирал тоа, до пробивање во просториите на ’Србијаводе‘ и на една прослава, па дури и спречување на свештеник да предводи молитва“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија веќе преживеала слични настани уште во 2000 година, кога „на власт дојдоа најлошите од најлошите“.

„Сега дојдоа луѓе уште полоши од нив“, тврди тој.

Вучиќ исто така забележа дека гледа како неговите соработници од изминатите 10 до 15 години постепено се повлекуваат, додавајќи дека „сите тие имаат причина да бидат лути и навредени“.

@jasamaleksandar Nikada neću odustati od borbe protiv najgorih, a to su blokaderi! #srbija🇷🇸 #sns #vučić ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Потоа тој конкретно му се обрати на Јово Бакиќ, член на „Студентската листа“. „Гледате, тука е овој Јово Бакиќ, кој самиот се кандидираше за министер, бидејќи не верувам дека некој сериозен би го поставил за министер за внатрешни работи. Се разбира, тој погази сè што ветуваа, исто како што ги погазија овие три дена. Велеа дека сакаат враќање на институциите, враќање на државата, доверба во институциите. А не поштедија ниту една институција, туку тргнаа да ги уништат сите. Вон-институционално“, рече Вучиќ.

Тој исто така се осврна на изјавата на Бакиќ дека тој (Вучиќ) треба да биде уапсен.

„Да ви кажам нешто, бедни луѓе. Подобро е да се биде во затвор, отколку да се седи до вас. И тоа добро запамтете го. А ова го кажав само за вие, обичните луѓе, да разберете колку сум подготвен да се жртвувам“, рече тој.

Вучиќ тврди дека членови на „Студентската листа“ во обвинителството ги проверувале предметите, како што е случајот со „звучниот топ“. „Немаше никаков звучен топ, срам да ви е, лажговци“, им порача тој, додавајќи дека таквите работи ќе продолжат.

На крајот, им се обрати на граѓаните на Србија. „Мојата цврстина, храброст и одлучност да се борам против најлошите, оние што блокираат, да им се спротивставам и да им пружам отпор поради сето зло што ѝ го нанесоа на оваа земја во изминатите две години… Ќе продолжам да го правам тоа. Храбро. Сè додека дишам. И не е важно од каде“, заклучи Вучиќ.

Поврзани вести