Недела, 25 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Вучиќ ќе се обрати по 22 часот од изборниот штаб на СНС

Обраќањето на досегашниот претседател на Србија и носител на листата на владејачката Српска напредна странка (СНС) на парламентарните избори, Александар Вучиќ, се очекува по 22 часот од изборниот штаб на партијата.

Вучиќ по гласањето изјави дека ќе ги прифати изборните резултати „каква и да биде одлуката на граѓаните“.

Тој претходно во текот на денот најави дека ќе им се обрати на јавноста по затворањето на избирачките места и објавувањето на првите резултати.

Изборниот ден во Србија беше проследен со пријави за можни неправилности и инциденти на повеќе локации, додека студентите предупредија на можноста за собирање поддржувачи на владејачката СНС по објавувањето на резултатите. Тие воедно повикаа на избегнување судири и насилство.

Според последните официјални податоци на РИК, до 18 часот излезноста изнесувала 64,89 отсто, без Косово, додека првите официјални прелиминарни резултати се очекува да бидат објавувани постепено во текот на вечерта.

Поврзани вести