Четврток, 19 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Започна историската средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина, на маргините на самитот на АПЕК. Средбата меѓу тројцата лидери привлече толку големо внимание што го засени самиот самит, пренесува „Скај њуз“.

Според претходните најави, една од главните теми ќе биде ограничувањето на ширењето на нуклеарното оружје. По одделните средби со Ши и Путин, Трамп навести дека можеби ќе разговараат и за војната во Украина, конфликтот со Иран, како и за обновувањето на енергетските текови низ Ормускиот теснец.

Критичарите стравуваат дека оваа средба би можела да означи враќање кон дипломатијата на „големите сили“ – што потсетува на периодот кон крајот на Втората светска војна – кога најмоќните нации носеле одлуки што ја кроеле судбината на помалите земји.

Ши до Трамп и Путин: Мораме да учиме од историјата и заеднички да ги решаваме проблемите
На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Ши Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми.

„Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.

Путин: Русија, САД и Кина имаат заеднички интереси во Украина
Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Ши Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите земји за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

„Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин.

Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“.

Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“.

Трамп: Денес испишуваме историја
На трилатерална средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тројцата лидери „навистина испишуваат историја“.

„Ние тројцата имаме многу теми за разговор, а веќе и опширно разговаравме во својство на претседатели на трите најголеми нации во светот“, рече Трамп.

„Имаме посебна одговорност да одржуваме отворен дијалог, заснован на меѓусебна почит и насочен кон конкретни резултати, за прашања што влијаат не само на нашите сопствени граѓани, туку и на целата планета“, додаде тој.

Трамп упати критики кон светските лидери од минатото, кои избегнувале да стапат во контакт со држави со кои имале несогласувања.

„Ние сметаме поинаку. Стариот пристап – заснован на одбивање да се разговара за проблемите – никогаш не решил ниту едно прашање“, изјави американскиот претседател.

Поврзани вести