(Фото/Видео) Магичната Бразилка во златен корсет „ја запали пистата“: Со својот од воодушеви многумина

Алесандра Амбросио зачекори на модната писта, а нејзиниот сензуален од одот покажа зошто таа сè уште е еден од омилените „ангели“ на „Victoria’s Secret“.
Алесандра Амбросио важи за еден од најбараните модели во светот и е неизбежен дел од годишната модна ревија на „Victoria’s Secret“, на која секогаш му дава посебен шарм. Неодамна, таа блесна во Истанбул, појавувајќи се на модна ревија за луксузниот бренд за накит „Monaco Chain“.
Иако за оваа пригода претстави неколку различни изданија, една комбинација особено го привлече вниманието.
Таа се одлучи за проѕирен црн фустан, кој ја истакна нејзината витка фигура и ја нагласи нејзината убавина. Златниот корсет беше впечатлив централен елемент, потсетувајќи ги сите колку можат да бидат важни модните додатоци за целокупниот изглед.
Комбинацијата ја заокружи со обетки, нараквици и ланчиња од споменатиот бренд, а изгледот го комплетираше со едноставни црни чевли со високи потпетици, кои ги истакнаа нејзините витки нозе.
За шминката избра земјени тонови, додека косата ја остави слободно да паѓа. Фотографиите и видеата веднаш се проширија на социјалните мрежи, претворајќи ја оваа волшебна Бразилка во главна тема во модниот свет.



