Пет есенски намирници кои помагаат при слабеење

Тие го подобруваат вашето здравје и стануваат ваши сојузници во борбата против вишокот килограми.
Можете да ги вклучите овие здрави намирници во вашата исхрана за да изгубите тежина и да се храните здраво во текот на претстојниот студен период.
Јаболка
Јаболката се нискокалорични, а богати со растителни влакна; содржат само 95 калории и 4 грама влакна по порција. Во неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот во Флорида, сушените јаболка им помогнале на учесниците да изгубат тежина.
Жените кои во текот на една година консумирале по една шолја сушени јаболка дневно, изгубиле тежина и го намалиле нивото на холестерол.
Истражувачите сметаат дека антиоксидансите и пектинот – вид на растителни влакна – се заслужни за бројните придобивки од јаболката; свежите јаболка се дури и поефикасни.
Тиква
Пробајте тиква; една шолја обезбедува 214% од дневните потреби за витамин А и една третина од дневните потреби за витамин Ц. Тиквата содржи само 80 калории по шолја, додека иста количина сладок компир – типична есенска намирница – содржи 180 калории.
Брокула
Една шолја брокула содржи 31 калорија и 2,4 грама растителни влакна, што помага да се чувствувате сити, а притоа да внесувате помалку калории. Понатаму, истражувањата покажаа дека додавањето зеленчук, како што е брокулата, во јадења како тестенини, помага да се намали вкупниот внес на калории.
Кељ
Слично на брокулата или зелката, кељот е богат со витамин А и растителни влакна, а истовремено помага и во прочистување на телото од токсини. Чипсот од кељ, кој содржи само 110 калории, обезбедува 6 грама растителни влакна и претставува одлична ужина.
Зелка
Со само 17 калории по шолја, зелката – особено популарната виолетова сорта – ја прави секоја салата поинтересна и додава живописна боја; дополнително, истражувањата покажаа дека таа помага во борбата против туморите на дојката, дебелото црево и белите дробови.



