Пожар среде ноќ на луксузниот имот на Вил Смит во Калифорнија

Пожар избувнал околу три часот наутро на имотот на Вил Смит и Џејда Пинкет Смит во Калабасас, Калифорнија. Снимките објавени од „Пејџ сикс“ покажуваат чад над имотот и возила на итните служби што влегуваат низ главната порта. Имотот во медиумите се проценува на 42 милиони долари.
Според првичните информации, огнот избувнал во помал објект на имотот. Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес потврдила дека пожарот е изгаснат. Засега не е познато дали огнот ја зафатил главната куќа, дали има повредени и колкава е штетата.
На истиот имот и во 2021 година избувна пожар, тогаш во подрумот на куќата.



